Фалкао го одржува шампионскиот ритам на Монако

Монако дојде до нова победа во францускиот шампионат дополнително зацврстувајќи се на лидерската позиција. Во 32. коло од Лига 1, Монако славеше со 0-1 на гостувањето против Анжер благодарение на погодокот на Фалкао во 61. минута од средбата.

Анжер доминираше во поголемиот дел од натпреварот, промаши и два зицери во првото полувреме, па следеше казната преку Фалкао во 61. минута.

Falcao Goal HD – Angers 0-1 Monaco 08.04.2017 by dailyfootballkick

По оваа победа, Монако со 74 бода е на првото место, со четири бода повеќе од второпласираната Ница која има и натпревар повеќе. На третото место е ПСЖ со 68 бода, но и натпревар помалку од Монако.

Се вчитува...