Фановите на Федерер слават, Швајцарецот ќе игра уште најмалку три години

Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Роџер Федерер вели дека планира да се занимава со „белиот спорт“ уште најмалку три години. Швајцарецот го продолжи договорот на задолжителен настап на АТП турнирот во родниот Базел до 2020 година.

„Зарем се сомневавте дека нема да играм и тогаш?! Не верувам дека ќе застанам и кога ќе ми истече договорот, само ќе потпишам ново продолжување и одиме понатаму. Многу ми е мило што се уште сум во полн погон и уживам во секој момент во тенисот“, вели Федерер.

Швајцарскиот тенисер е во својата 36. година од животот, прашање беше кога ќе одлучи да стави крај на кариерата, но Роџер игра како да е тинејџер, и не планира да застане во скоро време. Ова е добра вест за сите љубители и поддржувачи на Федерер, најмалку до 2020 година ќе уживаат гледајќи ги неговите маестрални потези, како и дуелите Федерер – Надал, и Федерер – Џоковиќ.

   

Се вчитува...