Фасоне: Милан купи премногу играчи

Директорот на Милан, Марко Фасоне призна дека „росонерите“ купиле премногу играчи во летниот период, па од таму се и тешкотиите да се воспостави баланс во тимот и да се оставаруваат позитивни резултати. Милан потроши 200 милиони евра за 11 нови фудбалери со цел да обезбедат место на табелата кое води во Лигата на шампиони, но лошиот старт ги доведе во позиција со заостанување од 11 бода зад четвртопласираната Рома и имаат еден натпревар повеќе.

„Нашата цел беше да се создаде тим кој во првата сезона ќе конкурира за место меѓу најдобрите четири екипи кои ќе играат во Европа. Би ги одобрил сите засилувања одново, но сметам дека купивме премногу играчи за краток период, па затоа и се соочуваме со овие проблеми. Неколку индивидуалци играат под своето ниво, но не се сомневам дека во најскоро време истите тие играчи ќе ја вратат својата најдобра форма. Сега имаме и нов тренер па јасно е дека нема веднаш да има подобрувања во играта и резултатите. Се надеваме дека со назначувањето на Гатузо не ја ставаме иднината на Милан на ризик, тој не е првиот тренер кој бил унапреден од младиот во првиот тим. Очекуваме од него да го врати Милан на правиот пат и при тоа да си го оствари неговиот сон“, изјави Фасоне.

Се вчитува...