Фавр лут на Балотели: Требаше порано да го заменам

Ница во реваншнот не успеа да направи чудо против Наполи, јасно беше дека на францускиот претставник нема доволно квалитет да се надигрува со Наполитанците. Но, тренерот на Ница, Лусијан Фавр има една забелешка од мечот, а тоа е настапот на Балотели.

Стратегот е лут на фудбалерот што не покажал доволно желба за победа, иако според резултатот беше јасно кој е победник.

„Марио Балотели се појави, но не играше фудбал. Она што го забележав на теренот е дека во еден момент ја мести копачката, во друг нараквицата, ете тоа беа неговите минути. Многу малку допринесе за тимот. Требаше порано да го заменам, мојот тим почна да игра фудбал откако на негово место влеже момче за кој никој досега не слушнал. Јасно е дека беа посилни од нас, така беше и по ждрепката. Но, кога во тимот имаш еден или двајца играчи кои ништо не прават на теренот, не можеш да победиш ниту една екипа“, изјави Фавр по мечот.

Се вчитува...