Федерер е тениска машина: Го освои Вимблдон без загубен сет!

Швајцарскиот ас Роџер Федерер е „кралот“ на Вимблдон. На надмоќен начин стигна до својот осми, рекорден, трофеј на терените на Ол Инганд клубот во Лондон, совладувајќи го Хрватот Марин Чилиќ со 3-0 во сетови (6-3, 6-1, 6-4). Во своето 11.финале, Федерер стигна до осмата победа, а за каква тениска машина се работи доволно говори фактот дека не загуби ниту еден единствен сет во текот на целиот турнир. Во кариерата, ова му беше, симболично, 1.111 победа.

Ги нанижа сите…Долгополов предаде по еден сет во првото коло, а потоа со 3-0 во сетови губеа од Федерер и Душан Лајовиќ, Миша Зверев, Григор Димитров, Милош Раонич, Томаш Бердих, и во финалето, Марин Чилиќ.

Швајцарецот уште од самиот старт најави дека е расположен за игра, да го освои историскиот 19. наслов на гранслем турнирите. Го доби првиот сет со 6-3. Марин Чилиќ имаше здравствени проблеми, во еден дел од мечот беше и во солзи, но продолжи да игра, но не можеше да даде силен отпор. Вториот сет Федерер го доби со 6-1, а во третиот исто така не дозволи грешка и го комплетираше со 6-4.

Се вчитува...