Федерер експресно до полуфиналето во Хале

Роџер Федерер со уште една импресивна партија ја продолжи серијата добри игри во Хале, обезбедувајќи пласман во полуфиналето од овој АТП турнир. Швајцарецот денеска за противник го имаше Флоријан Мајер, но Германецот не успеа посериозно да ги наруши плановите на великанот, кој очекува со триумф во Хале и победничка серија да влезе во настапот на Вимблдон.

Федерер направи брејк уште при 2-1 во првиот сет, набрзина поведе со 3-1, а потоа и го доби сетот со 6-3. Мајер шансата за камбек ја пропушто на стартот од вториот сет, кога не искористи две шанси за брејк. Швајцарскиот тенисер ја искористи првата можност за брејк, поведе со 3-2 и рутински славеше со 6-4.

Следен противник на Роџер Федерер ќе биде рускиот тенисер Качанов, кој во денешното четвртфинале по голема битка го совлада својот сонародник Рублев со 2-1 во сетови.

Се вчитува...