Федерер го преслуша Вавринка во финалето на Индијан Велс

Роџер Федерер стана највозрасен победник во историјата на Индијан Велс, откако во финалето го совлада својот сонародник Стан Вавринка со 2-0 во сетови. Тој покажа дека е во одлична форма, откако претходно го освои и Австралија Опен.

Федерер лесно го освои првиот сет, откако Вавринка имаше големи проблеми со реализацијата на својот втор сервис. Направи брејк и го комплетираше сетот со 6-4 во гемови.

Но, потоа Вавринка успеа да го одземе сервисот на Федерер на стартот на вториот сет. Се чинеше дека ќе може да се врати во мечот. Сепак, Федерер брзо возврати и израмни на 3-3, а потоа и уште еднаш го одзема сервисот на противникот во 12.гем за конечни 7-5 и триумф во Индијан Велс. Тоа е петта круна за Федерер на Индијан Велс, јубилејна 50.титула на Мастерс 1000 серијата, и вкупно 90.во кариерата.

Се вчитува...