Федерер лесно го мина Штруф

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер лесно се пласираше во третото коло на Австралија Опен, гранслем турнирот на кој ја брани шампионската титула освоена лани. Тој со 3-0 во сетови го совлада Германецот Јан – Ленард Штруф (6-4, 6-4, 7-6).

Федерер успеа 19.пат да се пласира во третото коло во Мелбурн, а таму ќе ги одмери силите со францускиот тенисер Ришар Гаске.

Се вчитува...