Федерер: Не му верувам на Агаси

Ново-стариот шампион на Австралија Опен, Роџер Федерер коментирајќи го потенцијалот на австралиските тенисери се осврна и на книгата на Андре Агаси, со една интересна констатација.

Швајцарецот истакна дека Ник Кирјос и Бернард Томиќ не се толку лоши момчиња во белиот спорт како што ги претставуваат медиумите.

Верувам дека понекогаш уживаат на тенискиот терен“ – рече Федерер за своите помлади австралиски колеги.

На новинарската забелешка дека Агаси во неговата книга „Опен“, пишува дека понекогаш му недостасувала страст за тенисот, Федерер одговори дека тоа е книга, а во книгите не се пишува секогаш вистината.

Не му верувам на Агаси и не мислам дека се што е напишано во книгата е вистина“ – вели Федерер.

Тенисерот со најмногу гран-слем титули во историјата објасни и дека постојат лоши, но исто така многу убави моменти на теренот.

Има убави момент на тренинг или на добиен меч. Исто така постојат и тешки моменти, како пакувањето на работите и преселба на друг турнир. Тогаш знае да биде незгодно, но тоа е така за сите. Тоа е како да ја гледате чашата – дали е полурпазна или полуполна“ – истакнува Роџер Федерер.

Се вчитува...