Федерер преку Бердих во полуфиналето во Мелбурн

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ја продолжува одбраната на титулата на Австралија Опен. Тој го совлада Чехот Томаш Бердих со 3-0 во сетови (7-6, 6-3, 6-4) и се пласира во полуфиналето каде ќе ги одмери силите со сензацијата од Јужна Јореја, Хејон Чунг. Во второто полуфинале ќе се сретнат Марин Чилиќ и Кајл Едмунд.

Федерер првиот сет го освои тај-брејк, добивајќи го со 7-1 на поени. Во вториот сет успеа да го скрши отпорот на Бердих и да го освои со 6-3, а работата ја заврши во три сета, комплетирајќи го мечот со 6-4 во гемови.

Се вчитува...