Федерер се откажа од Париз, џиновска услуга за Надал

Трката меѓу Рафаел Надал и Роџер Федерер кој од овие двајца ќе ја заврши годината на прво место е речиси завршена откако швајцарскиот ас реши воопшто да не настапува на претстојниот Мастерс-турнир што ќе се одржи во Париз почнувајќи од утре.Со триумфот во Базел, Федерер ја спушти негативата во однос на големиот ривал од 1.500 бодови, што беше достижна со оглед на бодовите достапни во Париз и на АТП шампионатот во Лондон.Сепак, швајцарскиот великан уште еднаш докажа дека физичката подготвеност му е во преден план, па реши воопшто да не ризикува со настап во Париз, се со цел максимално да се подготви за завршниот турнир во Лондон.Ова практично значи дека на Надал му е доволна само една победа во Париз за да си го осигура првото место до крајот на годината, извонреден успех за Шпанецот по бројните проблеми со повредите што ги имаше во последните години.

Се вчитува...