Федерер се откажа од Синсинати, Надал е новиот број 1

Роџер Федерер го загуби финалето во Монтреал од Саша Зверев, за швајцарскиот ас денеска да обелодени дека нема да настапува на Мастерс-турнирот во Синсинати што стартува денеска. Швајцарецот важеше за еден од главните фаворити за титулата, но болките во грбот здобиени за време на вчерашното финале беа причина тој во последен момент да се откаже од настап во Синсинати.

Повлекувањето на Федерер значи и крај на сите дилеми – Рафаел Надал ќе биде прворангиран светски тенисер од следната седмица. Без оглед каков резултат ќе оствари Надал во Синсинати, тој ќе го мине Енди Мареј бидејќи Британецот ќе загуби 1.000 АТП бодови откако лани стигна до титулата, а годинава поради повреда нема да игра на овој Мастерс-турнир.

Мареј ќе падне на третата позиција бидејќи ќе биде минат и од страна на Федерер, а Швајцарецот ќе има можност веќе на УС Опен да се обиде да го стигне Надал и да се искачи на врвот на АТП-листата.

Се вчитува...