Федерер си закажа финале со Надал

Роџер Федерер ќе му се спротивстави на Рафаел Надал во нова „тениска класика“ откако Швајцарецот славеше на денешниот полуфинален дуел против Хуан Мартин дел Потро.

Аргентинскиот тенисер му создаде многу проблеми на Федерер во првиот сет, успевајќи да го добие со 3-6. Сепак, Дел Потро не издржа откако на средината од вториот сет, по десетминутна битка го загуби сопствениот сервис, давајќи му самодоверба на големиот ас. Федерер најпрвин го доби вториот сет со 6-3, за потоа да направи брејк веќе на стартот од решавачкиот сет, на крајот триумфирајќи со 6-3.

Само за потсетување, Рафаел Надал во првото полуфинале утрово го совлада Марин Чилиќ со 7-5, 7-6.

Се вчитува...