Федерер „специјализира“ триумф во пет сета, го победи и Јужњи

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер успеа по вторпат да слави во драматичен меч играјќи пет сета на гранслем турнирот УС Опен. По победата над Тијафо во првиот настап, Федерер вечерва славеше со 3-2 во сетови и против рускиот тенисер Михаил Јужњи.

Швајцарецот одлично го почна мечот и првиот сет го освои со 6-1, но вториот го загуби во тај-брејк (7-3 на поени). Јужњи изнедувачки поведе со 1-2 во сетови, добивајќи го третиот со 6-4 во гемови, но Федерер заигра најдобро кога беше најпотребно и ги доби следните два сета, со 6-4 и 6-2. Во следното коло тој ќе игра против Фелицијано Лопез, кој со 3-1 во сетови го совлада својот сонародник од Шпанија, Фернандо Вердаско.

Се вчитува...