Федерер тргна фуриозно во Монтреал

Роџер Федерер имаше импресивен старт на Мастерс-турнирот во Монтреал, каде без мака во втората рунда го мина Питер Полански од Канада со 6-2, 6-1.

Покажувајќи сличен ритам како и на последниот настап на Вимблдон, Швајцарецот доминираше во текот на целиот меч и ја заврши работата за само 53 минути игра.

Негов следен противник ќе биде победникот од мечот Сок – Ферер.

Се вчитува...