Федерер во финалето на Мастерсот во Монтреал

Швајцарецот Роџер Федерер се пласираше во финалето на Мастерсот во Монтреал.

Федерер во полуфиналната пресметка, по еден час и 18 минути игра, во два сета со 6-3,7-6 славеше против холандскиот тенисер Робин Хасе.

Во финалето Федерер ќе се соочи со подобриот од втората полуфинална пресметка меѓу Канаѓанецот Шаповалов и Германецот Зверев.

Се вчитува...