Феенорд потврди, Ван Перси се враќа „дома“

Екс-напаѓачот на Арсенал и Манчестер јунајтед, Робин Ван Перси по 14 години се враќа во својот матичен клуб Феенорд, откако се согласи да го раскине договорот со Фенербахче. Искусниот Холанѓанец ќе потпише најдоцна до понеделник, информираат од таборот на холандскиот клуб.

„Нашиот поранешен голгетер Робин Ван Перси се согласи да се врати во клубот каде ја започна својата богата кариера. Долгогодишниот репрезентативец на Холандија официјално ќе биде наш играч од понеделник, откако успешно ги заврши преговорите за раскинување на договорот со Фенербахче“, пишува во соопштението на клубот.

Еднократниос освојувач на Премиер – лигата својата професинална кариера ја започна токму на „Де Куип“ во 2002 година, а за холандскиот прволигаш одигра 76 натпревари на кои постигна 21 погодок, пред да биде продаден на Арсенал. Ван Перси е прв стрелец во историјата на нациналниот состав на „лалињата“, со 50 гола на 102 натпревари.

Заминувањето на Ван Перси од редовите на Фенербахче беше јасно откако неговата лиценца за настап во првиот тим ја доби нашиот млад репрезентативец Елиф Емлаз.

Се вчитува...