Фегули на прагот на Рома

Алжирскиот фудбалер од редовите на Вест Хем, Софијан Фегули после само шест месеци ќе го напушти премиерлигашот Вест Хем и ќе се пресели во Рома, пренесуваат медимите од Италија.

Фегули ги засили „чеканите“ минатото лето, но не успеа да се наметне кај стратегот Славен Билиќ, а од Рома сметаат дека би бил одлична замена за Салах, кој ќе биде отсутен одреден период поради Купот на Африкански нации.

Имено, тимот од Рим ги договорил сите услови со фудбалерот за негов трансфер, а идејата е да биде земен на шестмесечна позајмица и во текот на летото, да биде откупен неговиот договор. Рома оваа зима би требало да плати еден милион евра за негова позајмица, плус 12 милиони евра во текот на летото.

Претходно Рома многу сериозно се интересираше за услугите на Хесе Родригез од ПСЖ, но не успеа да го договори доаѓањето на шпанскиот крилен офанзивец.

Се вчитува...