Фелипе: Да го заборавиме мечот во Скопје и да одиграме многу подобро

Кога Вардар игра добро, тоа значи дека Хуан Фелипе е во вистински елемент и го диктира ритамот на „црвено-црните“. Доколку тој биде сопрен, тогаш и вардарци како да „стојат во место“. Така беше на првиот меч со Реал Сосиедад во Скопје, а Бразилецот се надева на многу подобра игра на утрешниот натпревар (21.05 часот) на „Аноета“ во Сан Себастијан.

„Мора да го заборавиме првиот натпревар во Скопје на кој бевме комплетно надиграни. Реал Сосиедад е многу силен тим, го покажа тоа на првиот меч, но мислам дека и ние можеме, а и мораме, да одиграме многу подобро овде во Шпанија. Сакаме да го подобриме впечатокот и верувам дека ќе успееме во тоа. Домаќините се фаворити, тоа е јасно, но Вардар има сили за да одигра квалитетно на утрешниот меч“, изјави Хуан Фелипе, на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот натпревар со Реал Сосиедад.

Вардарци во овие моменти го одржуваат и официјалниот тренинг на стадионот „Аноета“, каде утревечер ќе ги одмерат силите со Реал Сосиедад.

Се вчитува...