Фелипе Маса најави повлекување од Формула 1 по крајот на сезоната - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42
Фудбал
23/11/2017 19:31

Фелипе Маса најави повлекување од Формула 1 по крајот на сезоната

Фелипе Маса најави повлекување од Формула 1 по крајот на сезоната

Возачот на Вилијамс, Фелипе Маса, најави дека ќе стави крај на својата кариера по завршувањето на сезоната. Трките за големите награди во Бразил и Абу Даби ќе бидат последни во неговата кариера, овој пат одлуката е конечна, откако Маса прв пат најави пензионирање минатата година, за повторно да се врати во болидот и да помогне на тимот на „Вилијамс рејсинг“.

„Како што знаете, одлучив да се пензионирам минатата година, но потоа се согласив да помогнам на Вилијамс. Уживав во четирите години поминати со тимот, но тука е крајот на мојата кариера во Формула 1. Последните трки во Бразил и Абу Даби ќе бидат полни со емоции, но јас сакам да ја завршам кариерата во најдобро светло. Сакам да се заблагодарам на фановите кои ме поддржуваа низ годините, но пред се и на моето семејство кое безусловно ми даваше поддршка и сила да се натпреварувам“, изјави Маса.

До светската титула Маса беше најблиску во 2008 година, но му недостасуваше еден бод во однос на Луис Хамилтон, кој ја освои својата прва светска титула. Низ кариерата Маса возеше за тимовите на Ред бул Саубер, Ферари и Вилијамс.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.