Фени индустри вкрстува со Кожув, Карпош соколи со Куманово во втората групна фаза на БИБЛ

Сите четири македонски клубови кои оваа сезона учествуваат во Балканската БИБЛ лига обезбедија пласман во втората групна фаза која ќе започне веќе наредната недела. И покрај тоа што има уште еден натпревар од првата фаза, помеѓу Сутјеска и Трепча, крајниот исход нема да има никакво влијание на позицијата на табелата во групата Б.

Во групата Ц ќе учествуваат Берое, Сутјеска како и Кожув и единствениот македонски првак во оваа лига, Фени индустри. Во втората група, групата Д ќе учествуваат Пеќ и Теодо, како и Куманово и Карпош соколи.

 grupa c

grupa d

Се вчитува...