Феникс подобар од Сан Антонио, за изненадување на вечерта во НБА лигата

Изминатава ноќ беа одигра пет натпревари во НБА лигата.

Кошаркарите на ЛА Клиперс запишаа убедлива победа против ЛА Лејкерс во „Стејплс центарот“ од 113-97, а најефикасен на мечот беше ДеАндре Џордан со 24 поени и 21 скока. Крис Пол дополни со 20 поени, 13 асистенции и пет скока, додека Риверс и Рејмонд Фелтон запишаа по 15 поени. Кај Лејкерси се издвои Џордан Кларксон со 21 поен.

Чикаго на свој паркет славеше против Њу Орлеанс со 107-99. Домашните до победата ги предводеше Џими Батлер со 28 поени, 8 скока и шест асистенции, а го следеше Двејн Вејд со 22 поени.

За изненадување на вечерта се погрижија кошаркарите на Феникс кои славеа против Сан Антонио пред своите навивачи со 108-105. Санси до победата дојдоа со одлична игра во последната четвртина, период од играта кој го добија со 28-20. Девин Букер имаше уште една брилијантна партија со 39 поени. Најдобар во редовите на Сан Антонио беше Леонард со 38 поени.

Вашингтон ја оправда фаворитската улога во дуелот со Филаделфија победувајќи со 109-93 со добра партија на Џон Вол кој имаше 25 поени, седум скока и седум асистенции. На висина од задачата беше Бредли Бил со 20 поени.

Во последниот дуел од вечерта, Јута победи против Орландо со 114-107. Домаќинот имаше пет кошаркари со двоцифрен ефект, а предводеше Гордон Хауард со 23 поени, дополнети и со седум асистенции и пет скок. Руди Гоберт имаше „дабл-дабл“ ефект од 19 поени и 19 скока, а Дерик Фејворс дополни со 17 поени. Најефикасен кај Орландо беше Елфрид Пејтон со 28 поени, дополнети и со девет скока и девет асистенции.

Се вчитува...