Феноменален меч во Бостон: Селтикси подобри од Вашингтон

Кошаркарите на Бостон и Вашингтон ја отворија полуфиналната серија од Источната конференција. Во првиот меч вечерва во Бостон, Селтикси на свој терен славеа со 123-111.

Мечот почна исклучително интересно. Во првите четири минути Вашингтон поведе со неверојатни 0-16. Одржуваа потоа предност во првиот период за 24-38, но Бостон комплетно се врати во втората четвртина па на одмор заминаа со минус од само пет поени (59-64).

Добар дел од првиот дел играа и без Ајзеа Томас на кого се укажуваше помош откако остана без заб, но бекот на Бостон во третата четвртина доминираше и со помош на Ал Хорфорд и Краудер, по третиот период стигнаа домашните до 95-80. На крајот рутински приведоа до триумф, за 1-0 во серијата.

Ајзеа Томас постигна 33 поени, и со девет асистенции, Краудер постигна 24 поени, додека Ал Хорфорд беше на чекор од „трипл-дабл“ со 21 поен, 10 асистенции и 9 скока. Кај Вашингтон Бредли Бил беше најдобар со 27 поени.

Се вчитува...