Ферари повторно се заканува со повлекување од Формула 1

По втор пат во последните два месеци тимот на Ферари, се закани пред сопствениците на Формула 1 дека ќе го напушти натпреварувањето поради најавените промени на правилата.

Претседателот на тимот од Маранело, Серџо Маркионе, ги предупреди челниците на Ф1 дека е подготвен да го повлече тимот од шампионатот доколку не се сменат правилата како што бараат тимовите.

Најтрофејниот тим во Ф1, слични закани упатуваше и претходно кога на чело на Ф1 беше Берни Еклстон. Но, Ферари никогаш не се повлече од трките. Сепак, Маркионе предупредува дека овој пат ситуацијата е многу сериозна.

Некои мислат дека се блеф нашите закани во однос на правилата за 2020/2021, но тие си играат со оган. Ситуацијата се смени од 2015 година. Битна работа е дека актуелниот „колективен договор“ меѓу тимовите во Ф1се разликува од претходниот и им дава поголема слобода, дури и во текот на преговорите со новиот сопственик на Ф1, „Либерти медиа“ – изјави Маркионе.

Претседателот на Ферари дури и најави основање на алтернативно натпреварување на Ф1 шампионатот, доколку се договорат тимовите.

Не можеме да ја игнорираме таа можност, но би сакал да ја избегнеме ако е можно. Сакам да останеме во Ф1, но мора да најдеме компромис кој нема да го остави Ферари без можност на секоја трка да ја покаже своата ДНК. Ако не се случи тоа, Ферари мора да замине. Ако ги повлечеме и другите тимови, мора да видиме што може да направиме од економски аспект“– истакнува претседателот на Ферари.

На Маркионе најмногу му пречат намерите на новиот сопственик на Ф1 за упростување на техничката страна на болидите во иднина.

Според најавите на новиот сопственик на Ф1, фирмата „Либерти медиа“, во плановите на иднината на Ф1 цел е да се намалат трошоците, но спроведувањето на промените за тимовите ќе значат дополни трошоци. Една од барањата на челниците на Ф1 е модификација на моторите со поголем број на вртежи, посилен КЕРС-систем и стандардизирање на одредени делови од моторот. На овие промени јавно се спротивставија и Мерцедес и Рено.

Се вчитува...