Фернандез донесе победа за Милан, Пандев остана на клупата

Милан дојде до победа од 1-0 против Џенова во 29. коло во Серија А, со која се искачи на шестата позиција на табелата во италијанскиот шампионат.

„Црвено-црните“ до триумфот дојдоа благодарение на погодокот на Чилеанецот Матиас Фернандез во 33. минута од натпреварот.

Matias Fernandez Goal HD AC Milan 1-0 Genoa 18… by Live1Goals

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев не доби можност за настап на дуелот, останувајќи само на клупата за резервни фудбалери.

По овој триумф Милан има 53 бода, пробивајќи се на шестата позиција на табелата. Џенова е на 16. место со 29 бода.

Се вчитува...