Фернандо од Манчестер сити се пресели во Галатасарај

Бразилскиот интернационалец Фернандо го напушти англискиот премиерлигаш Манчестер сити и кариерата ќе ја продолжи во Турција. Тој потпиша тригодишен договор со Галатасарај вреден 5,5 милиони фунти.

Фернандо немаше голема минутажа во тимот на „граѓаните“ минатата сезона, а менаџерот Пеп Гвардиола му нагласи дека слична ситуација го очекува и доколку остане на „Етихад“. Токму затоа тој ја прифати понудата на Галатасарај.

Од Манчестер сити си замина и Келечи Ихеаначо, кој потпиша за Лестер, а се очекува до крајот на преодниот рок клубот да го напуштат и Вилфрид Бони, Самир Насри, Фабијан Делф и Елаким Мангала.

Се вчитува...