Фернандо Силва му донесе триумф на Пелистер против Шкупи (ВИДЕО)

Пелистер го совлада Шкупи со 1-0 под „Тумбе кафе“, во првиот меч од 33.коло од Првата фудбалска лига. Битолскиот прволигаш сега има 51 бод, само еден помалку од Работнички, кој се наоѓа на третата позиција на табелата.

Фернандо Силва беше стрелец на победничкиот погодок за Пелистер на овој меч. Одличната акција на „зелените“, тој ја заокружи со удар од 16 метри, надмудрувајќи го Зендели.

Во вториот дел, Пелистер имаше шанси за да го зголеми резултатот преку Баже Илијоски, но Шкупи ја имаше најубавата можност. Во 76.минута, Мбела излезе сам пред домашниот голман Илче Петровски, но шутираше за малку крај дирекот.

Пелистер сега се насочува кон финалето на Купот, што ќе се игра в среда, на стадионот „Младост“ во Струмица, а противник му е Шкендија.

Се вчитува...