Фешта во Белград: Црвена звезда го зеде скалпот на Олимпијакос

Црвена звезда ја прекина серијата од три порази во Евролигата откако во суперинтересен натпревар шампионот на АБА-лигата успеа да го земе скалпот на фаворизираниот Олимпијакос, совладувајќи го со 89-78. Пресметката во Белград ја одбележаа бројни пресврти, Црвена звезда имаше двоцифрена предност во финишот од вториот период, за потоа Олимпијакос во третата четвртина да направи целосен пресврт. Како пресудна сепак се покажа четвртата четвртина во која домашниот тим постигна дури 32, а прими само 15 поени и заслужено стигна до триумф над големиот фаворит.

Перо Антиќ поради повреда повторно не беше во тимот на „црвено-белите“, а клучна фигура на овој натпревар беше Американецот Енис, кој реализираше 21 поен, осум скокови и пет асистенции.

Фенербахче во интересен и неизвесен дуел успеа да триумфира над Барселона со резултат 86-82. Актуелниот европски првак имаше и двоцифрено водство во последната четвртина, Барса дојде на само три поени разлика, но Фенер го издржа последниот налет и заслужено стигна до својата 14. победа сезонава. Вонамејкер беше незапирлив со 24 поени и седум асистенции, а одличен меч одигра и Мели, реализирајќи 23 поени за турскиот шампион.

ЦСКА Москва се задржа на првото место на табелата по победата од 81-72 над Брозе баскет. Нандо де Коло беше најефикасен со 20 поени, додека Серхио Родригез реализираше 13 поени и шест аситенции за рускиот гигант

Се вчитува...