Фетел ќе му оддаде посебна почит на Шумахер на трката во Кина

Германскиот Ф1 возач Себастијан Фетел одлучи да му ја посвети претстојната трка за ГН на Кина во Шангај на неговиот идол, легендарниот Михаел Шумахер, кој се уште е во тешка здравствена состојба по скијачката несреќа што се случи пред три и пол години. Токму во Шангај, во 2006 година, Шумахер ја забележа својата 91.победа, воедно и последна во Ф1 циркусот, а Фетел сака да го потсети целиот свет на фантастичниот Шуми.

sumaher crtez

За таа цел, Фетел на својата кацига ќе има посебно изработен цртеж со триумфот на Шумахер од пред 11 години.

Се вчитува...