Фетел најбрз на трката во Бахреин

Германскиот возач Себастијан Фетел со Ферари е победник на трката за ГН на Бахреин. Тој успеа да слави со време од 1:33.53.373 часа, минувајќи прв низ целта пред Луис Хамилтон, кој задоцни повеќе од 6,5 секунди. Тоа е 44.победа за Фетел во кариерата, втора оваа сезона со која го презеде и првото место во генералниот пласман.

На третата позиција се пласираше Валтери Ботас, кој ја имаше пол – позицијата на оваа трка. Четвртото место му припадна на Кими Раиконен, петтопласиран во Бахреин е Даниел Рикиардо, а на шестата позиција се најде Фелипе Маса.

Наредната четврта трка од шампионатот во Ф1 ќе се одржи на 30.април во Сочи, за ГН на Русија.

Се вчитува...