ФФМ донираше опрема за 115 младински екипи од земјава

Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (спортска опрема и фудбалски топки) на екипите од Супер и Првата лига (пионери, помлади пионери, кадетска и младинска конкуренција). Во просториите на „Куќата на фудбалот“ донација примија претставници на 115 екипи кои се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија.

„Фудбалската федерација на Македонија повторно го помага развојот на младите категории. Помошта во вид на спортска опрема е многу важна и е од голема помош за екипите и за родителите на децата кои тренираат“истакна Драган Иванов од ФК Силекс.

Координаторот на младинските категории во ФК Брегалница, Драган Христовски вели дека донацијата на спортска опрема е од големо значење за клубовите.

„Реално помош во вид на доанција е од огромно значење за сите екипи. Особено за ФК Брегалница, каде младите категории не влегуват во системот на спонзорирање – истакна Христовски.

oprema

Голема благодароност до Фудбалската федерација на Македонија. Грижата за младите фудбалери е основа за светла перспектива на секоја екипа. Донираната опрема и фудбалските топки се голема помош за сите нас, а ние како екипа ќе продолжиме да се грижиме за младите фудбалери и ќе бидеме фокусирани на талентите“рече и Суљо Алијовски од ФК Шкупи.

Се вчитува...