ФФМ ја одби кандидатурата на Јонуз: Избран е за делегат на нерегуларно собрание на ОФС Тетово

Мирсад Јонуз нема да може да биде кандидат за претседател на ФФМ, затоа што е избран за делегат на ОФС Тетово на нерегуларно Редовно годишно изборно собрание. Ова денеска го одлучи УО на ФФМ, разгледувајќи ги записниците од одржаните Општински фудбалски собранија.

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница одлучуваше во однос на наводите за нерегуларности на Редовното годишно изборно собрание на ОФС Тетово, а по пристигнатите барања на дел од членови на Управниот одбор на ОФС Тетово и останати засегнати страни од ОФС Тетово, се вели во ставот изнесен на официјалниот сајт на ФФМ.

Управниот одбор по разгледување на целокупната документација пристигната од ОФС Тетово, како и целокупната документација со наводи за нерегуларности при процесот на организација и одржување на Редовното генерално собрание на ОФС Тетово доставена од заинтересирани страни, како и од исказите дадени на дел од членовите на Управниот одбор на ОФС Тетово на самата седница на Управниот одбор на ФФМ, утврди дека седницата на Редовното генерално изборно собрание на Општинскиот фудбалски Сојуз Тетово, одржано на 25.01.2017 година во Тетово е организирана спротивно на Статутот на ОФС Тетово и Статутот на ФФМ, по што донесе одлука дека сите одлуки донесени на  Редовното генерално изборно собрание на Општинскиот фудбалски сојуз Тетово одржано на 25.01.2017 година немаат правно дејство и не предизвикуваат правни последици кон Фудбалската федерација на Македонија.

Со оглед на изборниот период во кој се наоѓа Фудбалската федерација на Македонија, а сѐ со цел да се избегнат шпекулации во јавноста, Управниот одбор на ФФМ одлучи дел од документацијата која беше предмет на разгледување да ја направи јавно достапна и истата можете да ја погледнете во продолжение:

zapisnici 1

zapisnici 2

zapisnici 3

zapisnici 4

zapisnici 5

zapisnici 6

Се вчитува...