ФИФА листа: Македонија скокна 32 места, сега е на 103.позиција - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
21/11/2017 19:24
Кошарка
21/11/2017 16:21
Кошарка
21/11/2017 8:30
Кошарка
20/11/2017 20:52

ФИФА листа: Македонија скокна 32 места, сега е на 103.позиција

ФИФА листа: Македонија скокна 32 места, сега е на 103.позиција

Со добрите резултати се подобрува и ранкингот. Фудбалската репрезентација на Македонија направи скок од 32 места на најновото издание на листата на ФИФА. Сега „црвено-жолтите“ се наоѓаат на 103.позиција. Ова е плод на триумфот што најдобрите македонски фудбалери го остварија против Израел во Хаифа (0-1), како и ремито (1-1) против Албанија во Струмица, во рамките на квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи во Русија следната година.

Од нашата квалификациска група, најдоброрангирана е Шпанија на 11.место, Италија е во пад од пет позиции и се наоѓа на 17.место, Албанија е 66., додека Израел е на 82.позиција. Најслаборангирана селекција е Лихтенштајн на 187.место.

Во првата „десетка“ има промени на врвот. Сега Германија е на првата позиција, пред Бразил, Португалија, Аргентина и Белгија. Потоа следуваат Полска, Швајцарија, Франција, Чиле и Колумбија.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.