ФИФА одлучи: По една деценија, Мундијал со 48 репрезентации

Светската фудбалска организација (ФИФА) донесе значајна одлука која ќе го промени сегашниот изглед на најголемиот фудбалски собир, Светското првенство. Новиот претседател Џани Инфантино ја доби потребната поддршка за промена на форматот на мундијалите, па од 2026 година ќе учествуваат дури 48 фудбалски репрезентации.

Оваа одлука ФИФА треба во текот на утрешниот ден и официјално да ја објави во јавноста.

Селекциите наводно ќе бидат поделени во 16 групи по три тима, а иако оваа варијанта уште не е потврдена, се претпоставува дека елиминација ќе доживее само последнопласираната репрезентација. Потоа мундијалот ќе оди со нокаут фаза во која ќе учествуваат 32 селекции.

 

Се вчитува...