Филип Кузмановски: Ќе стиснеме заби и ќе оставиме срце на терен

Вардар и Металург вечерва (20.30 ч) во СЦ „Јане Сандански“ ќе го одиграат заостанатиот натпревар од 6.коло од суперлигашкиот плеј-оф кој може да биде решавачки за шампионската титула. Металург  го доби првиот дуел со актуелниот шампион во Автокоманда (29-26) на стартот од плеј-офот и ја има предноста од три гола. Но, Вардар во реваншот влегува во улога на голем фаворит.

И додека „црвено-црните“ се подготвуваат за настапот на Ф4 од Лигата на шампионите во Келн, „металурзи“ и во финишот на сезоната се соочуваат со старите финансиски проблеми.

После големата победа на домашен терен, огромната еуфорија која беше присутна до овој натпревар со Вардар, денеска одеднаш како да пропадна длабоко во земја. Тие 16 играчи на Металург кои денеска ќе излезат на жешкиот терен ќе мора да играат против многу „противници“. Сепак, се надевам дека ова ќе биде еден одличен натпревар, онака како што очекува и како што заслужува македонската публика од ова дерби. Ќе стиснеме заби и ќе го оставиме срцето на терен“ – порача капитенот на Металург, Филип Кузмановски во пресрет на денешното гостување во „Јане Сандански“.

За двата скопски ривали ова ќе биде четврти меѓусебен дуел во оваа сезона. Во двете средби во регионалната СЕХА лига, Вардар има две победи (25-24, 31-29), а Металург славеше во првиот дуел од суперлигашкиот плеј-оф (29-26).

Металург е моментно на водечката позиција на табелата во плеј-офот со максимални 15 бода од пет одиграни натпревари. Вардар е втората позиција со три бода помалку.

Се вчитува...