Филип Кузмановски во тимот на месецот во СЕХА (ВИДЕО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
28/05/2017 0:45
Останато
27/05/2017 13:45
Ракомет
27/05/2017 19:34
Останато
27/05/2017 15:20

Филип Кузмановски во тимот на месецот во СЕХА (ВИДЕО)

Филип Кузмановски во тимот на месецот во СЕХА (ВИДЕО)

Капитенот на Металург, Филип Кузмановски е избран за најдобар среден бек во „најдобрите 7“ за месец февруари во регионаланат СЕХА лига. Иако не беше „прв пик“ на Червар на стартот на сезоната, 21-годишниот македонски бек во дуелите со Загреб и со Горење успеа со својата игра како лидер во тимот и доби место во одбраниот состав во СЕХА лигата.

Покрај Кузмановски во „Топ 7“ за февруари е и левото крило на Вардар, Тимур Дибиров. Со осум погодоци, Дибиров беше најзаслужен за триумфот против Горење со кој Вардар го осигура пласманот на Ф4 турнирот во СЕХА, а беше лидер во нападот на „црвено-црните“ и во продолжението на победничката серија против Нексе.

„Најдобри 7“ за февруари во СЕХА:

Голман: Урбан Лесјак (Целје)

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

Десно крило: Блаж Јанц (Целје)

Пикер: Растко Стојковиќ (Мешков Брест)

Лев бек: Иман Џамали (Мешков Брест)

Среден бек: Филип Кузмановски (Металург)

Десен бек: Давид Миклавчич (ППД Загреб)

Тренер: Бранко Тамше (Целје)

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.