Филип Лазаров се враќа во тимот против Шпанија

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Филип Лазаров ги надмина проблемите со повредата на мускулот и ќе се врати во составот на Македонија за утрешниот дуел против селекцијата на Шпанија. Тој беше избришан од тимот пред дуелот со Германија, но откако тренираше без проблем денеска, селекторот Гонзалес реши да го врати во составот за пресметката со Шпанците која е од огромно значење за нашиот национален тим.

ЕКИПА дознава дека Лазаров нема да го заземе местото на Велко Маркоски, кој го замени пред Германија, туку на третиот пивот Никола Маркоски, кој од трибините ќе го следи дуелот во Вараждин.

Филип Лазаров одлично ги исполнува задачите на Гонзалес, влегувајќи во игра во ситуации кога имаме ракометар повеќе на теренот, во формација со два бека и два пивоти. Тој на првите две средби во групата А постигна пет погодоци од исто толку обиди кон противничкиот гол.

Се вчитува...