Филип Шепа се врати во Карпош соколи

Филип Шепа одново го облече дресот на Карпош соколи, објави клубот на својата официјална веб страница. Српскиот интернационалец минатата сезона настапуваше македонскиот клуб и беше еден од носителите на играта поради што раководството одлучи повторно да му врачи доверба и договор до крајот на актуелната сезона.

Одличниот бек доаѓа на местото на Горан Врбанц кој не доби голема шанса кај Драган Николиќ и по завршувањето на договорот не доби продолжување на соработката.

Шепа минатата сезона ја мина во дресот на романска Крајова, а во минатото настапуваше за низа клубови од Србија меѓу кои и Црвена звезда, Раднички, Нови Сад, ОКК Београд како и во Кожув.

Првиот свој натпревар по камбекот во старото јато, Шепа ќе го одигра веќе в недела на гостински терен против Партизан во рамки на АБА лигата.

Се вчитува...