Филип Талески прв пат во дресот на Рајн Некар Левен

Рајн Некар Левен славеше победа на гостувањето кај Хановер со 26-30, во натпреварот од 19.коло во Бундеслигата. Ова беше прв натпревар во дресот на Рајн Некар Левен за македонскиот репрезентативец Филип Талески кој на полусезоната од Металург се пресели во редовите на германскиот шампион. Но, 20-годишниот македонски бек не доби шанса да заигра на ова тешко гостување за Рајн Некар Левен и ќе чека нова шанса за својот деби настап во Бундеслигата.

Вториот Македонец во тимот на Рјн Некар Левен, Дејан Манасков не беше во составот поради повредата на мускулот на ногата со која се здоби во настапот со македонската репрезентација на СП во Франција.

„Лавовите“ ја потврдија фаворитската улога во овој дуел . По првото полувреме Рајн Некар Левен имаше само два гола предност (12-14), но во вториот дел Николај Јакобсен го засили темпото. Со серија од 4-0 Рајн Некар Левен на средината од второто полувреме се одлепи на 18-25. Но, домаќините не се предаваа возвратија исто така со серија од 4-0 и внесоа неизвесност во финишот намалувајќи на 25-27 на пет минути пред крај.

За Рајн Некар Левен ова е 17.победа сезонава во Бундеслигта со која се враќа на втората позиција на табелата со 34 бода, три помалку од водечкиот Фленсбург.

Се вчитува...