Филиповски и Митев поразени во финалето од ЛШ

Тенерифе е освојувач на првиот трофеј во новоформираната Лига на шампиони на ФИБА, откако шпанскиот претставник во големото финале славеше над Банвит, на чие чело се наоѓаат Македонците Сашо Филиповски и Боби Митев, со резултат 63-59. Кошаркарите на Тенерифе ја искористија поддршката од трибините, со оглед на фактот дека овој фајналфор турнир се играше токму на Канарските острови, па во возбудливото финале на крајот успеаја да стигнат до трофејот.

Тенерифе беше во предност во поголемиот дел од средбата, завршувајќи ја првата четвртина со 16-12 и контролирајќи го резултатот. Шпанскиот клуб имаше девет поени предност во третиот период, но гостите благодарение на одличниот Теодор се вратија во натпреварот. Во самата завршница Банвит имаше можност за целосен пресврт, но домашните кошаркари погодија кога беше најзначајно и на крајот се закитија со титулата.

Григорис со 18 и Вајт со 14 поени беа најефикасни кај шампионот во ова натпреварување, додека кај Банвит најдобар поединец беше Теодор со 17 поени, 9 скока и 4 асистенции.

Се вчитува...