Финалето на Купот дефинитивно во Струмица

Финалето на фудбалскиот Куп на Македонија ќе се одигра на 17 мај на стадионот „Младост“ во Струмица, со почеток во 17.30 часот. Оваа одлука сега е дефинитивна и доаѓа од Куќата на фудбалот. Силите во големото финале оваа сезона ќе ги одмерат бранителот на трофејот Шкендија и Пелистер. Одредена е и цената на билетите која ќе изнесува 100 денари.

Во опција за добивање на организацијата на финалето на Купот на Македонија беше и Градскиот стадион во Штип.

Струмица по подолг период ќе добие организација на еден голем фудбалски настан, а ова за стадионот „Младост“ ќе биде можеби и своевиден тест за понатамошно добивање на организацијата на квалификацискиот натпревар меѓу Македонија и Албанија. Секако, голема улога во тоа ќе има и инспекцијата од УЕФА, која сигурно ќе треба да даде одобрение за користење на стадионот за меѓународни натпревари.

Се вчитува...