Фиорентина го потпиша Симеоне, Несторовски останува во Палермо

Џовани Симеоне и дефинитивно е изборот на челниците на Фиорентина пред Илија Несторовски, во потрагата на „виолетовите“ по играч кој ќе биде предводник на нивниот напад во новата сезона од Серија А. Челниците на Фиорентина веќе дадоа зелено светло за заминување на Никола Калиниќ, а иако долго време фаворит за наследник на Хрватот беше нашиот Нестор-гол, „виолетовите“ се премислија и решија во Фиренца да го донесат Симеоне од Џенова.

Можеме да потврдиме дека го комплетиравме трансферот на Џовани Пабло Сиеоне од редовите на Џенова, кој минатата сезона настапи на 36 натпревари, притоа постигнувајќи 13 погодоци. Тој потпиша договор со нашиот клуб до 2022 година“ – се вели во соопштението на Фиорентина.

Клубот од Фиренца плати 15 милиони евра за синот на Диего Симеоне, плус дополнителни три милиони евра преку неколку клаузули.

По ваквиот развој на настаните, се поизвесно е дека Несторовски и следната сезона ќе ја мине во дресот на Палермо, во обид на сицилијанскиот клуб да му помогне експресно да се врати во елитното италијанско фудбалско друштво.

 

Се вчитува...