Фиорентина како казнена експедиција низ Верона - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
22/11/2017 18:33
Фудбал
22/11/2017 17:40
Кошарка
22/11/2017 13:30
Фудбал
22/11/2017 11:10

Фиорентина како казнена експедиција низ Верона

Фиорентина како казнена експедиција низ Верона

Фиорентина стигна до првиот триумф во новата сезона од Серија А, и тоа убедлив (0-5) на гости против Верона. По двата стартни порази, „виолетовите“ конечно одиграа според очекувањата и ги освоија првите три бода.

Симеоне, Тору од пенал, и Астори, по само 25 минути остварија водство од 0-3 за Фиорентина. До крајот на мечот стрелаа и Верету и Диас.

Џенова и Горан Пандев со пораз се враќаат од Удине. Многу рано Удинезе поведе со голот на Јанкто во 16.минута, а потоа гостите останаа со играч помалку поради исклучувањето на Бертолачи во 37.минута. По ова, Пандев беше повлечен од игра поради тактички замисли на тренерот Јуриќ.

Победи на домашен терен славеа и Аталанта и Калјари. Дербито меѓу Лацио и Милан започна од 16 часот, а на полувреме „лацијалите“ водат со 2-0.

Резултати: Аталанта – Сасуоло 2-1, Калјари – Кротоне 1-0, Удинезе – Џенова 1-0, Верона – Фиорентина 0-5, Интер – Спал 2-0.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.