ФК Беласица го одбележа јубилејот „95 години“ од своето формирање (ФОТО)

Еден од најстарите македонски фудбалски клубови, струмичка Беласица денеска го одбележа јубилејот „95 години“ од своето формирање.

Во присуство на бројни спортски работници, поранешни и актуелни членови на клубот, Беласица означи безмалку еден век функционирање.

Istatov na Belasica

На свеченоста во ресторанот „Космополит“ во Струмица, беше промовирана книгата „95 ГОДИНИ ФК БЕЛАСИЦА“, како и новата химна на клубот. Беа доделени и благодарници и признанија за сите кои во минатото и сега имале и имаат удел во функционирањето на клубот, допринесувајќи за неговиот развој.

95 godini Belasica

Потенцирано беше дека токму преку годината во која слави јубилеј, Беласица е цврсто решена од следната сезона повторно да се врати на прволигашката сцена во Македонија.

Се вчитува...