ФК Локомотива: Втората лига е свет на неправди и мафијашки структури

Македонскиот второлигаш Локомотива излезе со соопштение по повод последните случувања на натпреварот против Еуромилк и поразот од 2-1. Раководството на клубот тврди дека тимот имал катастрофално судење од Фатон Мустафи и неговите помошници Небојша Георгиевски и Дарко Јовчевски. Соопштението во пренесуваме во целост…

Никогаш не сме сакале да отвораме војна со соопштенија,но во последно време гледаме дека само така можеме да го добиеме вниманието од јавноста. Револтирани сме од тоа што вчера го добивме како ,,судење” од ФАТОН МУСТАФИ и неговите помошници НЕБОЈША ГЕОРГИЕВСКИ и ДАРКО ЈОВЧЕВСКИ на гостувањето кај Еуромилк. Ако мислите дека така се води ова натпреварување, слободно терајте си понатаму сами, еден по еден сите ќе не снема, зошто во вашиот свет на неправди ретко кој може да опстои. Затоа, би сакале да ги запрашаме ,,господата” од ФФМ – од нејзиниот прв човек Илчо Ѓорѓиоски, па сите што следат по него,особено што се задолжени за подобрувањето на условите во мак фудбалот.


– Како сакате да одиме напред кога во сите натпреварувања,особено во нашата втора лига владеат мафијашки структури и однапред е познато се?

– Со кој ум изјавувате и се фалите дека сме постигнале напредок,кога вашите судии,или тој што ги делегира,во корен ги сосекува и најмалите можни шанси спртов да го кренем на ниво кое што заслужува?

– Што сакате да постигнете со тоа што имаме судии кои ,,свират” по нарачка секое коло,а се знае кој е нарачатеот?

– Што сакате да постигнете со тоа што имаме судии кои ,,свират” по нарачка секое коло,а се знае кој е нарачателот?
Кому му пречи ,,приказната Локомотива; и зошто сакате да не уништите?

– Бидете доблесни,кажете ни го планот кој сте го направиле за нас,за да не мора да вложуваме наши сопствени средства,а за возврат да добиваме само нервоза и гнев.Ние немаме бесконечни донации од Фифа и Уефа,ние секој денар го броиме за да обезбедиме подобри услови за нашите фудбалери.

– Ве повикуваме да го видите ,,делењето на (не)правдата” на нашите две последни гостувања и искрено да ни одговорите – дали барем малку ви е срам?

Ако во најбрзо време не се подобри судењето во втората лига ке бидеме приморани да примениме многу подрастични мерки,за кои верувајте,не сакаме ни да помислиме во моментов,но бидете сигурни дека можеме да ги оствариме.

Локомотива нам ни е пред се, имаме сериозни планови со овој клуб и нема да дозволиме некој залутан во фудбалот да ја одредува нашата судбина…

Скопје, 19.03.2018

УО на ФК Локомотива

Се вчитува...