ФК Скопје е вториот патник во Првата лига (ВИДЕО)

ФК Скопје по подолга пауза од следната сезона повторно се враќа во прволигашка конкуренција и ќе биде дел од елитата. „Пиратите“ во клучниот меч го совладаа Новаци со 2-1 и му се придружуваат на тимот на Академија Пандев. Новаци ќе ја бара својата шанса преку бараж за да биде дел од прволигашката конкуренција.

Новаци прв дојде во водство на овој меч со голот на Христијан Грозданоски во 37.минута. Но, Скопје успеа да израмни пред крајот на првиот дел, преку Дарио Десниќ во 44.минута. Победничкиот гол, кој го трасираше патот во Првата лига, беше дело на Дарко Ѓурчиновски во 85.минута од средбата.

Академија Пандев го совлада Еуромилк со 2-0, со головите на Александар Мишов и на Драган Начевски.

ВТОРА ЛИГА, РЕЗУЛТАТИ

МЕТАЛУРГ – ТИКВЕШ 0-1

ВАРДАР НЕГОТИНО – ТЕТЕКС 1-1

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ЕУРОМИЛК 2-0

ВЕЛАЗЕРИМИ – Х.ТУРНОВО 3-1

СКОПЈЕ – НОВАЦИ 2-1

Се вчитува...