Флертот продолжува - Азар сонува да игра за Зидан - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/11/2017 17:32
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42

Флертот продолжува – Азар сонува да игра за Зидан

Флертот продолжува – Азар сонува да игра за Зидан

Зинедин Зидан и Еден Азар редовно „флертуваат“ еден со друг, францускиот стратег истакнувајќи го воодушевувањето од квалитетите на Белгиецот, додека фудбалерот на Челси веќе во неколку наврати јавно говори за високото мислење што го има за тренерот на Реал Мадрид. Во тој правец е и најновата изјава на Азар, кој ја остава отворена вратата за евентуален трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ во иднина.

„Сите знаат колку високо мислење имам за Зинедин Зидан, тој ми беше идол како фудбалер додека растев, а сега работи одлично и како тренер. Не знам што ми носи иднината во кариерата, но јасно е дека би ми било остварување на сонот доколку заиграм за Зидан“ – изјави Азар.

„Кралевите“ и минатото лето се интересираа за Белгиецот, но Челси не сакаше ни да чуе за негова продажба. Останува да се види дали ситуацијата ќе се промени по завршувањето на сезонава, кога крилниот офанзивец и самиот би можел да инсистира на трансфер.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.