Форбс: Њујорк никси најбогати во НБА

Со приход од 3.3 милијарди долари, Њујорк никс се најбогат тим во НБА, според рангирањето на магазинот „Форбс“. Никси втората година по ред се на врвот на оваа листа. Лани нивната заработувачка беше три милијарди долари, а годинава е надмината таа граница.

Вредноста на њујоршкиот тим е зголемена за десет проценти во однос на сезоната 2015-2016, наведува Форбс.

Зад Њујорк никс, на второто место се ЛА лејкерс со 3 милијарди и Голден стејт со 2,6 милијарди долари. Последен на списокот е тимот на Њу Орлеанс со 750 милиони долари.

Се вчитува...