Форум на тренери во организација на ФФМ

Центарот за едукација на тренери и Тренерската организација при ФФМ на 20. февруари во хотелот „Александар Палас“ во Скопје од 11:30 часот ќе го организираат годишниот Форум на тренери со еднодневна програма на презентации од интернационални и домашни стручни лица.

Токму во таа насока, Центарот за едукација на тренери и Тренерската организација при ФФМ ги покануваат сите тренери во Македонија за присуство а воедно и ги информира дека нивното присуството на овој Форум, согласно УЕФА Тренерската Конвенција, е задложително за сите носители на УЕФА диплома на било кое од трите нивоа (Б, А и Про), а како обврска која тренерите мора да ја завршат за да можат да остварат продолжување на своите УЕФА лиценци.

На овој Форум ќе учествуваат и сите тренери носители на Национална Ц лиценца кои работат во детските лиги, тренерите кои работат во женските лиги на ФФМ како и тренерите кои работат во Футсал.

Презентации на Форумот ќе имаат: Небојша Марковски (Директор на Центар за Едукација на ФФМ), Игор Ангеловски (Селектор на македонска А Репрезентација), Боби Милевски (Селектор на Македонска У21 репрезентација), Зоран Стратев (Технички Директор на ФФМ) и Ватрослав Михачич –УЕФА инструктор за примена тренери на голмани и Директор на Академијата за едукација на тренери на ХНС.

Се вчитува...