ФОТО: Дрес од Беласица за Пандев, за вечно сеќавање на матичниот клуб

Пред почетокот на загравењето на македонските репрезентативци за денешниот квалификациски натпревар со Албанија на стадионот „Младост“ во Струмица, најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев доби мало внимание од својот матичен клуб Беласица.

Од струичкиот клуб се одлучија да му подарат дрес од Беласица на својот најпознат фудбалер во историјата, како што беше истакнато, за вечно сеќавање на клубот од кој потекнува.

Се вчитува...